wrapper

Со оглед на тоа дека вредноста на Биткоинот навистина претставува една огромна неизвесност за инвеститорите кои често стравуваат за своите пари, новата апликација Bitcoin Bubble Burst отсега ќе биде нивниот ,,помошник'' кога станува збор околу предвидувањата за што следно се очекува од Биткоинот. 

Bitcoin Bubble Burst функционира со вештачка интелигенција која ги следи сите движења на пазарот, анализира неочекуван развој на настаните, различни кризи кои може да му наштетат на биткоинот и состојбата со криптовалутите, а исто така ги следи и случувањата на социјалните мрежи како и веб сајтовите со вести.

Постои и опасност Bitcoin Bubble Burst да делува негативно, односно да предизвика непотребна паника па така сопствениците на биткоинот масовно да почнат да се ослободуваат од криптовалутата што може да резултира со несогледливи последици и создавање на нова финансиска криза. Сепак, креаторите на Bitcoin Bubble Burst велат дека ќе има безбедносни механизми кои би спречиле лажни аларми. 

Исто така во апликацијата Bitcoin Bubble Burst самите корисници ќе може да постават ценовни лимити и промени по кои би ги добивале известувањата, па така тие што се подготвени на поголем ризик што самиот доаѓа од инвестирање во биткоинот ќе имаат и поголема флексибилност при ценовните флуктуации.

Last modified on Wednesday, 06 December 2017

За Нас

Банкарство.мк го сочинува млада новинарска екипа која известува за најновите случувања во светот на Банките, за предизвиците во Банкарскиот сектор и очекувањата на водечките Банкари. На нашиот портал можете да прочитате и совети за управувањето со личните финансии.