wrapper

Одговорно управување со ризикот постојано се повторуваа како предизвик за секој девизен трговец. Голем број на трговци имаат профитабилнi системи и стратегии, но ретко кој го прави тоа успешно, за на крајот на месецот да имаат профит на нивната трговска сметка.

 

Во 99% од случаите, неуспехот се должи на недостаток на дисциплина и премногу висок ризик.

Зошто е важно, добро управување со парите од првиот ден на тргување?

Ако сте заинтересирани да ја отворите вашата прва демо сметка, за тестирање на една forex стратегија, потребно е веќе да имате размислувано за вашиот ризик.

Тоа е многу важно бидејќи на секое демо тргување имате можност да се навикнете да го задржите ризикот на увид.

Континуиран профит со ризик - управување со парите (moneymanagement) за постојано добри перформанси, потребно е да се консолидира едноставен ризик и управување со Moneymanagement Правила, како што е "Никогаш не ризикувам повеќе од 2% до 3% на Трејд позиција" за да биде фиксирана и длабоко врежана во вашата потсвест како автоматизам.

Откако ќе бидете успешни со вашата демо сметка и ќе започнете да размислувате да отворите реална сметка за тргување со вистински пари, ќе имаате корист од овие навики. Разликите помеѓу демо сметка и реална сметка не треба да се потценуваат.

Да претпоставиме дека имаате акумулирано заштеди во износ од 20.000 евра. Ако ја отворите вашата прва реална сметка, вашиот ризик не треба да надминува 1.000 - 2.000 евра. Само откако ќе соберете доволно искуство и ќе ја "набилдате" потребната самодоверба за да ја извршите својата стратегија за трговија, треба да го зголемите ризикот.

Секогаш обрнете внимание на здрава врска помеѓу вашите вкупни средства и парите кои ги ризикувате на трговска сметка. Ова има многу психолошки придобивки и ви помага да се фокусирате повеќе на извршувањето на вашиот Trades, а не на вашата сметка.

Ризик и управување со парите при отварање на Trades позиција

Едно од најважните Ризик првило за Управување со парите е предефинираниот ризик за секоја трговија. Врз основа на моето искуство како Трејдер, сметам дека за трговец почетник, ризикот од максимум 2% - 3% е соодветна и разумна сума.

Со цел да се минимизира ризикот за секој Trade истo, потребно е во зависност од forex trading стратегијата да се направи пресметка пред секоја трговија. За пресметување, најважната алатка за секој трговец e – Stop Loss.

Зошто е Stop Loss за управување со ризик толку важно?

Обидете се во секој ваш trade да го ограничувате вашиот потенцијален губиток - Stop Loss? Поставете го вашиot Stop Loss постојано на истата позиција, се додека вашиот Trade не дојде на одредена точка во зоната на добивка?

Дозволете ми да ви објаснам зошто е битно да го земете предвид Forex Stop Loss. Ако не го користите Stop Loss за вашиот Trade, тоа значи дека не сте подготвени да преземете мали загуби, па токму поради оваа причина вие не ќе можете да станете профитабилен девизен трговец.

Така што вие порано или подоцна ќе го загубите во целост вашиот капитал за тргување врз основа на психолошка штета и како резултат на стравот од загуба, ќе имате потешкотии за профитабилна трговија.

Важноста на Stop Loss алатката во Форекс за долгорочни трговски успех е огромна. Не се тргува со вистински пари во девизен пазар, ако не сакате да ги ограничите вашите евентуални загуби преку Stop Loss.

Има и такви трговци кои поставуваат Stop Loss, но тие не го прават тоа на вистинскиот неопходен начин. Причината е тоа што тие го поставуваат Stop Loss со ист број на pips на секоја Trade позиција.

Според моето мислење станува збор за премногу ригидно ограничување и во реалноста нема да функционира. Секој валутен пазар е различен и постојано се менува контекстот и начинот како тој се движи.

Затоа, на пазар со висока нестабилност потребно е да се постави повисок Stop Loss.

Ризик и Управување со пари

Како да пресметyвам мојот ризик со помош на Moneymanagement?

Да претпоставиме дека сте одлучиле да не ризикувате повеќе од 2% од вашиот трговски капитал. Ако вашата позиција не се движи согласно очекувањата и вашата Stop Loss загуба се извршува на пазарот, загубата не е поголема од 2% од вашaта трговска сметка.

Управување со ризик се пресметува на пример, ако тргувате со 10.000 евра сметка, ризикувате 200 евра за секој поединечен Trade. Ризикот е секогаш ист, без оглед на тоа колку е голема вашиот Stop Loss загуба во pips.

За да се обезбеди ова, потребно е да ја прилагодите големината на вашата позиција на секоја трговија во согласност со претходно дефинираните ризики.

Значи, ако најдете еден Trade Setup во која SL е 50 pips, дефинираните 50 pips треба да бидат во вредност од околу 200 евра изразени во ризик. Ако вашата SL загуба е само 20 pips на Trade, 20 pips треба да одговараат на 200 евра, за да се свати ризикот од 2%.

За извршување на овие пресметки точно пред секоја трговија, се препорачува да се користи алатката за пресметка на големината на позиција.

Со оваа алатка секогаш ќе го имате својот ризик и управувањето со парите под контрола, а воедно и помош како еден постојано ист ризик да го користите и планирате подобро за вашата врска помеѓу профит и загуба.

*Сите права на содржината, вклучувајќи ги и авторските, се задржани од www.fxarena.ch „Forex Arena“

 

Last modified on Thursday, 21 January 2016

За Нас

Банкарство.мк го сочинува млада новинарска екипа која известува за најновите случувања во светот на Банките, за предизвиците во Банкарскиот сектор и очекувањата на водечките Банкари. На нашиот портал можете да прочитате и совети за управувањето со личните финансии.