wrapper

Задолжителна практична настава во секоја година од студирањето е еден од новитетите на државните универзитети во Република Македонија. Доколку студентите при уписот во следната студиска година не достават потврда за успешно спроведена практична настава немаат можност да се запишат во следната година.

 

Практичната настава не може да биде пократка од 30 дена, но нема можност ниту да надминува 3 месеци во текот на годината. 

Банките се една од најпреферираните институции за реализирање на практична настава, пред се поради атрактивноста на оваа категорија на работни места особено за студентите кои потекнуваат од економските факултети во земјава.

Тимот на Банкарство.мк одлучи да спроведе анкета преку која ќе се утведи задоволството на "практикантите" од спроведената практична настава, а од друга страна ќе им помогне и на Банките како институции во иднина да се подобрат во овој сегмент.

Ве молиме да одговорите на прашањата во продолжение:

 

Last modified on Wednesday, 13 September 2017

За Нас

Банкарство.мк го сочинува млада новинарска екипа која известува за најновите случувања во светот на Банките, за предизвиците во Банкарскиот сектор и очекувањата на водечките Банкари. На нашиот портал можете да прочитате и совети за управувањето со личните финансии.